Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Србија уапсен осомничен за нападите во Куманово

Во Србија уапсен осомничен за нападите во Куманово

Осомничен за терористичките напади во Куманово е уапсен на административниот премин Брнјак на Косово.

Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ рекол дека денеска српската полиција уапсила лице кое се сомничи за организирање на терористички напади на полициски станици и граѓани во Куманово во периодот од јануари до мај годинава.

Тој рекол дека осомничениот Б.Б е уапсен на административниот премин Брнјак на Косово и дека се работи за лице кое пружало логистичка поддршка за терористичките напади во Куманово.

Стефановиќ на конференцијата за новинари рекол дека во Нови Пазар и Тутино се уапсени пет лица поради соменение дека се криумчари на хероин од Турција во Србија и западна Европа.

„Го уапсивме еден од најголемите нарко-босеви на Балканот Н.Т. од Нови Пазар со уште четири лица од Нови Пазар и Тутино. Во последните четири месеци српската полиција запленила 13 кг хероин кои припаѓале на оваа организирана криминална група и низ тие акции се откриени и организаторите и врвот на пирамидата за криумчарење на дрога“, рекол Стефановиќ и додал дека наскоро ќе излезат со нови информации, пренесоа белградски медиуми.

Слично

Поврзани вести