Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Србија тестови за невакцинирани деца во училиште

Во Србија тестови за невакцинирани деца во училиште

Важно е наставата да се врати во реална рамка, поради што е важно да се вакцинираат учениците на возраст од 12 години и повеќе. Оние кои не се имунизирани ќе имаат тест секоја недела, вели вирусологот и член на Кризниот штаб, Тања Јовановиќ, пренесуваат српските медиуми.

- Ќе биде голема штета и оваа година да започнат часови на онлајн платформи. Доколку не се вакцинираат, учениците постари од 12 години ќе треба да се тестираат за ковид -19 најмалку еднаш неделно , рече Јовановиќ.

Таа додаде дека го поддржува предлогот на епидемиологот д -р Предраг Кон за одвојување на вакцинирани и невакцинирани ученици постари од 12 години.

Рече дека им препорачува вакцинација особено на оние кои се во постојан контакт со голем број луѓе.


Слично

Поврзани вести