Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Србија секој ден се затвараат по осум дуќани

Во Србија секој ден се затвараат по осум дуќани

Во Србија секој ден се затвараат по осум дуќани, затоа што не издаваат фискални сметки или вработуваат луѓе на „црно“.

Оваа статистика е за првите пет месеци од оваа година. Во борба со сивата економија се води сметка дали се издаваат фискални сметки во целата земја и каков е статусот на ангажираните работници. Вообичаено во овој период од годината се контролираат туристичките центри, а се проверуваат и угостителите во бањите.

Минатата недела во Сокобања се затворени три угостителски објекти поради неправилности во работењето. Исто толку се затворени и во Нишка бања.

Во првите пет месеци исконтролирани се кафулиња, ресторани, ноќни клубови, авто перални, продавници, бензински и слично.

Прекршоци направиле 1.195 обврзници.

Слично

Поврзани вести