Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Србија се затвораат сите џамии

Во Србија се затвораат сите џамии

Мешихатот на Исламската заедница во Србија денеска одлучи да ги затвори сите џамии заради влошување на епидемиолошката состојба и зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот во Србија, особено во областа на Санџак.

Одлуката е донесена со цел да се спречи и шири инфекцијата преку џамиите, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Исламската заедница во Србија, кое го потпиша претседателот на Мешихатот, муфтијата Мевлуд еф. Дудиќ

Како што е наведено, сè додека не се подобри епидемиолошката состојба, молитвите ќе ги извршуваат само имами и муезини, а се препорачува сите џенази да започнат од семејни куќи, како и верниците да се поклонуваат во согласност со можностите, пред џамиите или локалните гробишта, во присуство само на најтесното семејство.


Слично

Поврзани вести