Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО СРБИЈА СЕ ПРИВЕДЕНИ НАД 100 ЛИЦА ПО НЕМИРИТЕ: Меѓу нив има државјани на Хрватска, Словенија и Италија

ВО СРБИЈА СЕ ПРИВЕДЕНИ НАД 100 ЛИЦА ПО НЕМИРИТЕ: Меѓу нив има државјани на Хрватска, Словенија и Италија

По инцидентите во Србија приведени се 114 лица, меѓу кои и тројца странски државјани, а повредени се 75 полицајци.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека се поднесени 34 кривични и 28 прекршочни пријави и дека 75 полицајци се повредени во, како што рече, нападите од страна на блокадите на демонстрантите.

Во обраќањето од Палатата на Србија во Белград, Дачиќ рече дека се приведени и граѓани на Хрватска, Словенија и Италија.

„Што бара хрватски државјанин на протест и ја напаѓа жандармеријата? Замислете некој Србин од тука да отиде во Загреб и да ја нападне нивната полиција. Па, тие ги фрлаат нашите луѓе во морето во Сплит кога доаѓаат на одмор. Тој доаѓа од Хрватска специјално за тоа и ја напаѓа жандармеријата. И тоа е полициска бруталност“, рече Дачиќ.

Тој наведе дека приведениот државјанин на Словенија е со српско потекло и дека „ги завршил своите разузнавачки студии во САД“.

фото Видео Данас

Слично

Поврзани вести