Во Србија се молат граѓаните да не ги оставаат гранатите во кантите за ѓубре
Српското Министерство за внатрешни работи ги повика граѓаните да ги предадат гранатите, наместо да ги остават во кантите за ѓубре.
Повикот не е во одговор на некоја конкретен случај, но дојде со кампањата за промоција на Србите да го предадат сопственото нелегално оружје, а владата ги заостри законите за поседување на оружје.
Полицијата нема точна бројка за количеството на нелегалното оружје, но се стравува дека има стотици илјади нерегистрирано оружје од 1990 година во земјата.
„Министерството за внатрешни работи на Србија ги повикува сите граѓани кои имаат рачни гранати и други експлозивни направи со молба да не ги оставаат во контејнери или на други места“, се наведува во соопштението на сајтот на Министерството. Наместо тоа властите ги повикуваат граѓаните да одат во најблиската полициска станица.
