Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Србија се гради највисоката џамија во Европа

Во Србија се гради највисоката џамија во Европа

Во Србија се гради најголемата џамија во Европа. На 30 километри од Нови Пазар во Санџак, во месноста Дуга ливада, во моментов се гради исламскиот центар „Капија Пештера“.

Џамијата ќе биде со највисоко минаре на стариот континент - 99 метри. Првиот столб во октомври 2013 година беше направен лично од муфтијата Муамер Зукорлиќ. Во центарот ќе има градинка, училиште за Куран, босански културен центар и ресторан за над 500 луѓе.

Џамијата ќе има 15 бедеми, 6 минариња, 4 од нив ќе бидат високи 45 метри, а две по 99 метри, за да потсетат на „99-те убави имиња на Алах“. Арматурата за изградба на минариња е поставена на длабочина од 20 метри. Генерален спонзор на проектот е Ферхат Сеидович, кој е роден во реонот на Дуга ливада и долги години живее во Германија, каде што има градежна компанија.

Слично

Поврзани вести