ВО СРБИЈА ПРИСТИГНАА 20.000 ТАБЛЕТИ РЕГЕНЕРОН - и вториот моќен лек влезе во протоколот за лекување пациенти
Во Србија два милиони луѓе примија вакцина против коронавирус, рече претседателот Александар Вучиќ.
„Во овој момент преминавме на два милиони луѓе кои примија барем една доза, за прв пат“, рече Вучиќ обраќајќи им се на новинарите во Нови Сад.
Вучиќ најави дека наскоро ќе следи олеснување на епидемиолошките мерки.
„Угостителските објекти ќе работат. „Но, постојат различни ставови, дали само за вакцинираните или за сите“, рече тој.
Тој откри дека вториот лек против ковид 19, регенерон, пристигнал во Србија, и дека тој веќе влегол во протоколот за лекување на пациенти.
Во пресрет на поставувањето на камен-темелникот за новата болница „Ковид“ во Нови Сад, Вучиќ рече дека во Србија пристигнале 20.000 таблети „Регенерон“, кои ќе се користат за лекување на ковид, покрај лекот „Бамланивимаб“, кој веќе се користи.
Вучиќ изјави дека, што се однесува до новите случаи на инфекција со коронавирус, „бројките се подобри отколку пред една недела“, но дека „бројките се уште се големи и страшни“.
Тој на прес-конференцијата по повод почетокот на изградбата на ковид болницата во Нови Сад рече дека „британскиот вид силно ја погопдил Србија, и дека тоа е апсолутно доминантно“.
Тој изјави дека „има огромен број смртни случаи од британскиот вид, дека луѓето се заразуваат побрзо и се развиваат потешки форми на болеста“, како и дека индискиот вид на коронавирус, кој е веќе регистриран во некои европски земји, возможно е да дојде и во Србија.
„Но, не можете да избегнете ништо, затоа мора да се подготвиме, да се вакцинираме, да градиме болници и да купуваме лекови“, рече Вучиќ и ги повика граѓаните да се вакцинираат.
Извор: N1
