Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Србија почна ревакцинацијата против Ковид-19, досега се вакцинирани 557.000 граѓани

Во Србија почна ревакцинацијата против Ковид-19, досега се вакцинирани 557.000 граѓани

Утринава почна ревакцинацијата на граѓаните во Србија кои веќе ја имаат примено првата доза против Ковид-19. Вакцинацијата од денес ќе се организира во пунктот на белградското сајмиште, центарот Белекспо во Нов Белград.

Координаторот на медицинскиот тим на саемот, Драгана Милошевиќ, за РТС изјави дека 1.246 граѓани биле поканети на ревакцинација.

-По ревакцинацинацијата гараѓаните добиваат потврда дека целосната вакцинација е завршена. Тоа не значи прекин на усогласеноста со епидемиолошките мерки. Ние ќе продолжиме да ги почитуваме епидемиолошките мерки сè додека не создадеме колективен имунитет. Се надеваме дека ќе биде наскоро", рече Милошевиќ.

Досега во Србија се вакцинирани 557.000 граѓани - некои со прва, а други со втора доза на вакцина, изјави денеска министерот за здравство Златибор Лончар во Центарот за вирусологија „Торлак“, каде ја прими втората доза на вакцината.

Foto: Beoifo

Слично

Поврзани вести