Во Србија победи СНС на Александар Вучиќ
Апсолутен победник е коалицијата предводена од Српската напредна партија на актуелниот премиер Александар Вучиќ.
Избирачките места во Србија се затворени во 20 часот, а на вонредните парламентарни избори, покраинските избори во Војводина, како и изборите за советите на општините и градовите до 19 часот гласале повеќе од половината од гласачите.
Излезноста на гласачите, според последните прелиминарни резултати, е поголема отколку на вонредните парламентарни избори кои се одржаа пред две години. Според прелиминарните резултати коалицијата околу СНС добила над 56% од гласовитe, додека коалицијата околу Социјалистичката партија на министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ освоила 11% од гласовите. Српската радикална партија на Воислав Шешељ пак добила околу 7% од гласовите. Другите партии воопшто и не го поминаа цензусит за влез во Парламентот.
