Во Србија нема бркање од работа на трудници
171 српски пратенки ги подржале измените на Законот за работни односи каде е наведено дека повеќе нема бркање од работа на бремени жени. Сите тие кои кои се вработени на одредено работно време, работниот ангажман ќе им биде продолжен до истекот на породилното отсуство.
Со законот е предвидено отпуштањата да се сметаат за неважечки ако работодавецот знае дека жената е бремена. Истото важи и доколку трудницата во рок од 15 дена по отказот го извести газдата дека е бремена и му достави лекарска потврда.
Со измените на Законот, работодавачите се обврзани на вработените жени кои ќе се вратат од породилно порано од една година како што е предвидено, да им обезбедат една или повеќе паузи во текот на денот за доење на детето. Или, пак, да им го скратат работното време за 90 минути.
Слично
