Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Србија над 1.2 милиони луѓе купуваат онлајн

Во Србија над 1.2 милиони луѓе купуваат онлајн
Во соседна Србија повеќе од 1.2 милиони граѓани купуваат онлајн. Расте бројот на луѓе кои пазаруваат на интернет, но сепак Србија е зад европскиот просек затоа што над 57% од корисниците на интернет никогаш не нарачале ништо по пат на интернет. Растот на интернет купувањето е забележан во последните три години. Во 2015 година онлајн купувале над 1.2 милиони луѓе, што е за 5% повеќе од 2014 година или за 30% повеќе од 2013 година. Овие информации беа споделени на настан каде беа собрани трговци, компании и експерти од е-трговија, каде купувачите се запознаа со сите новитети од е-трговијата. Граѓаните се согласни дека плаќањето со картичка е една олеснителна околност при купување на интернет, се нудат многу производи, се нарачува брзо и лесно. Србите на интернет резервираат електронски карти, плаќаат сметки, а најмал е бројот на оние кои по интернет плаќаат ресторани.    
Слично

Поврзани вести