Во Србија ќе учат 344 деца на бегалци-емигранти
Во петте постојани центри за азил и десет прифатни центри во Србија во моментов се наоѓа 3.360 мигранти, главно од Авганистан, Пакистан, Иран, Ирак и Сирија, а во пресрет на новата учебна година во 33 училишта низ цела Србија се запишани 344 деца на емигранти, соопшти денеска Републички Комесаријат за бегалци и миграции.
Се наведува дека сите ученици мигранти поминале задолжителни здравствени прегледи, а во соработка со Министерството за образование оваа година 33 деца на емигранти ќе бидат вклучени во редовното задолжително предучилишно образование, кое ќе се одржи во официјалните училишта, а во некои места и во предучилишните установи.
"Училиштата кои примаат мигранти се во единиците на локалната самоуправа во која се сместени и центрите за азил и прифатните центри. Наставниците во овие училишта беа обучени и се запознаени со упатствата за експерти за вклучување на учениците бегалци / баратели на азил во системот на образование, кој беше подготвен од страна на Министерството за образование ", се вели во соопштението.
