Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО СРБИЈА ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА РУСКАТА ВАКЦИНА: На 11.февруари доаѓаат експерти од Русија во Институтот за вирусологија „Торлак“

ВО СРБИЈА ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА РУСКАТА ВАКЦИНА: На 11.февруари доаѓаат експерти од Русија во Институтот за вирусологија „Торлак“

Државниот секретар во Министерството за здравство на Србија, Мирсад Џерлек, денеска за ТВ Пинк изјави дека земјата е „многу близу до победа на корона вирусот“. Тој додаде дека за тоа ќе придонесе и производството на вакцината, која Србија ќе започне да ја произведува со помош на руски експерти.

Џерлекрече дека доаѓањето на руски експерти, кои ќе помогнат во започнувањето на производството на вакцината против Ковид-19 е планирано за 11.Февруари.

-Со производство на вакцината против корона вирусот, ќе го вратиме „Торлак“ на врвната позиција која ја имаше. Во тој институт работат исклучително квалитетни експерти, треба да се реши само прашањето за техничко-технолошките работи, истакна државниот секретар Џерлек.

На прашањето дали е безбедно да се вакцинираат и луѓето кои имаат Ковид-19, тој посочи декавеќе имало такви случаи, но дека станува збор за асимптоматски случаи, односно дека луќето не ни знаеле дека се заразени со вирусот.

-Овие луѓе треба да знаат дека немаат никаква штета од вакцинацијата. Важно е да се заврши третманот и по 28 дена, по престанокот на сите симптоми на вирусот, тие треба да бидат повторно вакцинирани, рече Џерлек.

ФОТО/Фејсбук

Слично

Поврзани вести