Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Србија ќе поевтини храната

Во Србија ќе поевтини храната
Во Србија, според економските експерти во септември се очекува намалување на цените на лебот, шеќерот, маслото, овошјето и зеленчукот. Според експертите, намалувањето на цените ќе следело по добрата земјоделска сезона, која треба да допринесе за стабилизација на цените во Србија и поевтинување на основните животни намирмици. Конкуренцијата во Србија не е многу голема, четири најмоќни малопродажни ланци држат 62 отсто од пазарот, што е показател дека земјата се наоѓа во зоната на цврст олигопол. Во септември очекувањата се дека цената на лебот и пецивата ќе се намали поради тоа што овогодинешниот род на пченица е на високо ниво, а и шеќерот и маслото ќе поевтинат поради добриот род на шеќерна репа. Значајни промени во цените на месото нема да има, бидејќи се помалку се купува поради нискиот стандард.  
Слично

Поврзани вести