Во Србија ќе бидат фрлени велигденски јајца вредни 2 милиони евра
Сите домаќинства бојосуваат за Велигден повеќе јајца отколку што можат да изедат и се проценува дека секоја година по 25 милиони јајца се фрлаат.
Од 2.5 милиони православни домаќинства во Србија, ако сите фрлат по 10 јајца, тоа се 25 милиони јајца кои ќе завршат во смет. Семејствата бојосуваат просечно по 50 јајца, што е многу за трочлено семејство, дури и кога јајца ќе се поделат на роднини и пријатели. Со прекумерното купување на храна за слави, празници, свадби, родендени во Србија годишно се фрлаат 250.000 тони храна, а истовремено третина од населението живее сиромашно. Се подготвува закон за вишокот намирници кои во координација со државата на безбеден начин ќе се поделат на најсиромашните граѓани.
Слично
