Во Србија инвестирале 500 австриски фирми
Заменик градоначалникот на Виена, Јохан Гуденус кажа дека австриските фирми се најголеми инвеститори во Западен Балкан.
Тој оцени дека овие добри економски односи треба да се негуваат и во тешки економски времиња. Објаснува дека Австрија е најголем инвеститор во Србија, но и во БИХ, а најголем дел од компаниите кои инвестираат се од Виена. Вели дека 500 австриски компании инвестирале во Србија 2.8 милјарди евра, од кои 1.8 милјарди е удел на виенските компании.
Во БИХ Австријците се присутни во 400 компании или 1.6 милјарди евра.
Гуденус вели дека виенските претприемачи одлично се позиционирале во овие земји. Тоа помага за развој на регионот, но и за отварање на нови работни места во Виена.
Слично
