Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Србија има различни мислења за вакцинацијата на луѓето од регионот

Во Србија има различни мислења за вакцинацијата на луѓето од регионот

Полемика има во Србија околу вакцинацијата на странците. 

Вакцинацијата на странските државјани во Србија се одвиваше и вчера. Гужвата беше помала отколку претходните денови, кога граѓаните на околните земји дојдоа во Србија – на вакцинација. Телевизијата Н1 јавува дека мислењата за тоа во Србија се различни и дека некои експерти велат – сè можеше да биде поинаку и посоодветно за епидемиолошката состојба.

На белградскиот саем, каде има масовна ревакцинација, вчера ги немаше оние редици од луѓе кои чекаа да се вакцинираат.

Премиерката Ана Брнабиќ вели – тоа беше гест на солидарност.

„Немаше политика во тоа што ги поканивме, ниту во фактот дека тие дојдоа. Она што е најсимпатична слика, што најдобро го прикажува целиот овој викенд и поинаква слика за регионот, е екипажот на ‘Албанија вингс’, кој дојде во униформа во Белград за да се вакцинира“, вели Брнабиќ.

Но познатиот епидемиолог Зоран Радовановиќ има малку поинакво гледање: „Создаден е непотребен ризик за оние луѓе кои патуваат, тие се изложени на заразување, а и за нас, бидејќи масата луѓе што дојде, од кои некои се сигурно заразени, претставуваат дополнителен ризик за нас“.

Брнабиќ признава – не бил само алтруизмот причината зошто беа поканети соседите. Во Србија нема доволно интерес за вакцината на „АстраЗенека“, а рокот истекува во април.

Потребно беше да се води грижа за тоа пред да се набават 15 милиони вакцини, а според пресметките, идеално за Србија е три милиони, потенцира Радовановиќ и додава дека целосно се вакцинирани едвај милион граѓани.

Слично

Поврзани вести