Во Србија има околу 500.000 „вечни деца“
Секој втор граѓанин на Србија на возраст од 20 до 34 години, живее со родителите, а поразителен е и податокот дека секој трет од нив воопшто нема шанса да се осамостои, бидејќи нема никакви приходи, пишува весникот „Блиц“.
Истражувањето на Институтот за социолошки истражувања на Филозофскиот факултет во Белград, покажува дека оние кои можат да се осамостојат тоа не го прават, бидејќи им одговара да останат во родителскиот дом.
Половина од тие млади велат дека осамостојувањето повеќе би им одговарало, но дека во моментот за тоа не се создадени услови.
Исто така, на подоцнежното осамостојување од родителите влијае и се подоцнежното склучување брак.
Психолозите поради тоа предупредуваат дека дури некој кога ќе се одвои од родителите, тој станува личност и оти според тоа во Србија има околу 500.000 „вечни деца“.
Слично
