Во Србија е загушена баба која примала странска пензија, сосетката негира дека го извршила убиството
Драгослава Спасојевиќ (72) од српското село Кудреш е уапсена поради сомнение дека ја задавила својата сосетка Драгица Михајловиќ (77), но таа негира дека го извршила убиството. Полицијата наведе дека причина за убиството е користољубие затоа што жртвата имала странска пензија и била добро ситуирана.
Пред обвинителството во Пожаревац жената детално зборувала за односот со покојната Драгица и тврдела дека нема врска со нејзината смрт.
Извор на истрагата вели дека таа се бранела со тоа дека таа и жртвата биле блиски пријателки и дека никогаш не би и наштетила. Таа понекогаш и помагала околу градината и и го полевала цвеќето затоа што покојната била слабо подвижна.
Злосторството се случило на 13 декември во Голубац, а телото било пронајдено три дена подоцна во креветот. Прво полицијата се сомневала дека бабата која имала странска пензија починала од природна смрт, но обдукцијата покажала дека е загушена и дека има пукната коска во грлото.
Полицијата испитува дали Спасојевиќ ја убила сосетката за да ја ограби полесно или можеби и должела пари кои не можела да ги врати.
