Во Србија досега евакуирани над 15 илјади луѓе, се градат бедеми за одбрана на градовите!
Србија вечер се очекува да ја погоди нов поплавен талас, кој ќе го донесе Сава. Загрозени се Шабац, Сремска Митровица и делови на Белград.
Премиерот Вучиќ рече дека во Шабац е подигнат насип од 7,3 метри. Нивото на Сава моментално е повисоко од 6, 3 метри, што е историски максимум, а се очекува да биде високо 6,5 или 6,6 метри. Се смета дека бедемот ќе издржи.
Водостојот на Сава кај Сремска Митровица расте три до четири сантиметри на саат. Се евакуираат населбите кои се покрај реката.
До сега на територијата на Србија се евакуирани 15475 лица.
Слично
