Во Србија долгови за неплатен данок ќе се плаќаат на 60 рати
Министерството за финансии во Србија им овозможува на граѓаните кои должат за данок повеќе од 200.000 динари, долгот да го подмируваат на рати.
Должниците кои не платиле данок до 4 март 2016 година, тоа ќе можат да го направат во наредните 5 години. Новиот правилник кој во понеделник го потпиша министерот Душан Вујовиќ, нуди поволности кои досега ги немало. Долговите до 50.000 динари можат да се плаќаат на 30 рати.
„На должникот кој ќе го отплати целиот долг пред рокот ќе му биде отпишана целосна камата“-рече министерот.
Претходно се нудеше опција долгот да се плаќа на најмногу 24 рати. Граѓаните нема потреба да стават имот под хипотека или да најдат некоја друга гаранција. Ако граѓаните потпишат договор за отплата на рати, а не го почитуваат, ќе следат санкции.
Слично
