Во Србија денес има уште повеќе заразени со коронавирусот
Во Србија денес има уште повеќе заразени со коронавирусот, за разлика од претходните денови. За едно деноноќие тестирани се 11.413 луѓе, при што има 983 инфицирани, а еден пациент почина.
На болничко лекување се 823 пациенти, од кои на респиратори се 23. Од почетокот на епидемијата се потврдени 729.150 случаи на инфекција во земјата. Во сите земји во регионот расте бројот на заразени. Ова е особено алармантно во туристичките места во Грција, но голем скок на заболени има и во Будва во Црна Гора.
Слично
