Во Србија 47 отсто од угостителите не издаваат фискални сметки
Контролата на евидентирање на прометот на фискалните сметки, спроведена од Даночната управа утврдила дека околу 47 отсто од угостителите во Србија не издаваат фискални сметки,
Со контролата, која била спроведена кон крајот на минатата недела, биле опфатени 203 обврзници угостители , а неправилности биле утврдени кај 96 од нив. Контролата била спроведена на познатите сплавови-ноќни клубови на белградските реки, како и на Дорќол, делот на Белград со голем бој угостителски објекти. Овде биле спроведени 68 контроли, а неправилности се утврдени во дури 40. Контролирани биле и 74 објекти на познати туристички излетишта во Србија (Златибор, Врњачка Бања, Ада Циганлија), а неправилности се утврдени во 35 објекти. На територијата на Војводина биле контролирани 61 објект, при што неправилности се утврдени во 21 објект.
