Во Србија 27.000 работници ќе останат без работа?
На 27.000 работници во Србија им се заканува губење на работните места.
Асоцијацијата на слободни и независни синдикати (АСНС) денеска објави дека според нивни проценки – поради неизвесното работење и опстанокот на стратешките компании, постои извесна можност околу 27.000 работници во Србија да ги изгубат своите работни места.
„Со големо внимание и загриженост за иднината на работниците и граѓаните, ги следиме активностите на владата за решавање на проблемите на НИС, Нафтагас, Србија Зиѓин, Хестил и очекуваме итни и решителни мерки за отстранување на можните и очекуваните проблеми, како и предлог за стратешки решенија за да не се најдеме повторно во толку тешка и неизвесна ситуација“, се наведува во соопштението на синдикатот.
Побарано е од Владата да предложи готов, транспарентен план, програми и ефикасни решенија за работната, економската и социјалната положба на работниците кои, како што е наведено, се изложени на ризик од отпуштање.
