Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Србија 2.000 медицински сестри се отсутни од работа поради инфекција со корона

Во Србија 2.000 медицински сестри се отсутни од работа поради инфекција со корона

Во Србија 2.000 медицински работници се на боледување поради коронавирусот. 

Министерството за здравство соопшти дека 29 се на болничко лекување, а останатите се во изолација. 

Во Србија од досегашниот најсилен врв на коронавирусот десеткуван е здравствениот персонал, јави дописникот на МИА од Белград.

Професорот д-р Владимир Ѓукиќ, директор на КБЦ „Д-р Драгиша Мишовиќ“, за „Новости“ изјави дека во оваа болница од 64 медицински сестри на хируршкиот оддел, дури 22 се болни.

Србија има нов рекорд со бројот на заболени. Денес регистрираат скоро 20.000 заразени со коронавирусот. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести