Во Србија 19 млади луѓе умреле од грип
Оваа година во Србија од грип умреле 19 млади луѓе, при што никој од нив не бил вакциниран.
Смртниот исход е поголем од лани, а се работи за млади луѓе кои се на возраст од 30 до 60 години.
„Скоро половина од нив беа потполно здрави луѓе. Но, она што загрижува е дека никој од нив не бил вакциниран, освен една личност која одела на дијализа и нејзиниот имунолошки систем не бил добар и затоа вакцината не можела целосно да ја заштити“-вели доктор Драган Илиќ, директор на Институтот за јавно здравје Батут.
Тој вели дека вакцина треба да се прими на крајот од октомври или почеток на месец неомври. Во Србија околу 15% од населението се вакцинира што не е доволно. Илиќ вели дека за да се опфатат сите ризични групи и стари луѓе, се потребни околу милион дози вакцини, а Батут псоледните две години набавува помеѓу 230.000 и 250.000 дози.
