Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Србија 12.000 пензионери на државен трошок на бања

Во Србија 12.000 пензионери на државен трошок на бања

За да добие 10 дена престој во некоја од 25-те бањи, пензионерот не треба во февруари да има чек повисок од 23.463 динари.

Освен што не треба да имаат повисока пензија од просечната, треба да немаат други примања и последните 5 години да не биле на бања на трошок на ПИО. Врз основа на одвоените средства и цените во бањите, околу 12.000 српски пензионери ќе ја искористат оваа услуга. Од 360 милиони динари за друштвен стандард на пензионерите, 93.3% се за бања. Во случај на исти услови при аплицирање, предност ќе имаат постарите пензионери.

Слично

Поврзани вести