Во спорот меѓу државата и ИВЗ, настрадаа дуќанџиите
Дуќаните во зградата позната како дом Ибни Пајко, на влезот од Старата скопска чаршија, дуќаните и официјално се затворени и ќе останат така додека не се расчисти имотниот спор што го водат државата и Исламската верска заедница.
Бизнисите кои со години работеа беа принудени да стават клуч на врата откако викендов група лица кои се претставиле како припадници на ИВЗ се обидоа насила да ги иселат дуќанџиите, прикажувајќи документи за сопственост на објектите.
Сопствениците до сега кирија и плаќаа на државата, која со ИВЗ сè уште води спор за денационализација на оваа зграда. Неизвесно е во чија сопственост конечно ќе потпаднат дуќаните, но тие нема да бидат отворени се додека не заврши спорот, потврдуваат надлежните.
И полицијата се уште го истражува случајот со нападот на групата граѓани во Ибни Пајко.
Слично
