Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во соседството: Над 80 отсто од слободните работни места биле за кадри со основно образование

Во соседството: Над 80 отсто од слободните работни места биле за кадри со основно образование

Во Албанија над 80 отсто од слободните работни места лани биле резервирани за работници со основно образование. 

Најголема побарувачка во 2024 година имало за продавачи, хигиеничарки, производствени работници, келнери, помошници во градежната или преработувачката индустрија.

Минатата година, за над 80 проценти од слободните работни места во Албанија, објавени од Националната агенција за вработување, се барало основно образование, објави албанското економско списание „Монитор“.

Во периодот јануари-декември 2024 година, албанската Национална агенција за вработување објавила 61.624 слободни работни места, што е за еден процент повеќе отколку во истиот период од претходната година. Сепак, поголемиот дел од нив се за професии за кои не е потребна диплома за професионална квалификација.

Според „Монитор“, податоците од меѓународните финансиски институции покажуваат дека во текот на изминатите две децении, Албанија создала помалку работни места за квалификувани работници споредено со земјите во развој во Југоисточна Европа. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести