ВО СОСЕДСТВОТО: Минималната плата догодина ќе им биде 600 евра
Минималната плата во Бугарија догодина ќе биде над 600 евра.
Доколку остане сегашниот механизам за утврдување на минималната плата, следната година таа ќе биде околу 1.200 лева (околу 613 евра по тековниот девизен курс). Ова го изјави министерот за труд и социјална политика Борислав Гуцанов во врска со транспонирањето на Директивата за соодветни минимални плати во ЕУ и механизмот за минимална плата. Тој рече дека очекува да се најде „златната средина“ во разговорите меѓу синдикатите и работодавачите, што ќе биде најкорисно за работниците и економијата.
И соседна Србија планира вонредно да ја зголеми минималната плата.
foto freepik.com
Слично
