Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во соседна земја за една година овошјето поскапело за над 80 отсто

Во соседна земја за една година овошјето поскапело за над 80 отсто

Според српскиот Завод за статистика, за една година овошјето поскапело за 81,4 отсто.

Цените на земјоделските и рибните производи во јуни во Србија се зголемија за 13,4 проценти во споредба со јуни лани.

Растот на цените најмногу бил под влијание на цените на житото – 3,9 проценти и овошјето – 81,4 проценти.

Цените на земјоделските и рибните производи во јуни во споредба со мај се зголемиле за 1,5 проценти во просек, а најголемо влијание врз овој раст имале овошјето, 22,0 проценти, и добитокот и живината, 6,7 проценти.

Цените на тие производи за првата половина од годината се зголемиле за 4,8 проценти во просек во споредба со истиот период во 2024 година. Тоа главно се должи на зголемувањето на цените на житото за 15,9 проценти, овошјето за 32,6 проценти и индустриските растенија за 4,9 проценти. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести