Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во соседна земја регистрирани 15.000 молњи за една ноќ

Во соседна земја регистрирани 15.000 молњи за една ноќ

Србија синоќа ја погодиле повеќе од 15.000 молњи, а облаците ги „гаѓале“ со 829 ракети.

Силно невреме со град ги зафати Банат, Белград и западна Србија. Повеќе од 15.000 громови ја погодиле Србија минатата ноќ.

Во некои краеви паѓаше и град, а само на територијата на Чачак синоќа имало повеќе од 2.000 молњи.

Чачак го држи и рекордот на Србија, во јули 2014 година за два часа се забележани дури 2.670.

Невреме со град синоќа имало во Ивањица, Чачак, Љиг, Кикинда и Белград, а најмногу дожд наврнало во Зрењанин – 35 литри на метар квадратен за неколку часа, во Кикинда 20 литри дожд за еден час и во Нови Сад 14 литри.

Во Србија ноќеска се испукани 829 ракети од осум радарски центри, потврди српското министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за Танјуг.

Слично

Поврзани вести