Во сообраќајка на патот Велес – Штип загина жена
Во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во 21.45 часот, на патот Велес – Штип, загина жена, а три лица се повредени.
Во сообраќајната несреќа учествувале два автомобили, БМВ со радовишки регистарски ознаки, и БМВ со британски таблички.
Во несреќата загинала сопатничката во БМВ, 67-годишната М.Н. од Свети Николе, а возачот М.Н. (42) и другиот патник со тешки телесни повреди се пренесени во велешката болница.
Возачот кој го управувал автомобилот со радовишки ознаки, 33-годишниот Г.Ѓ. со тешки телесни повреди е пренесен во велешката болница, а оттаму е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.
Слично
