Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Солуна грст сомуна, до Солуна 20 сомуна

Во Солуна грст сомуна, до Солуна 20 сомуна
Македонски железници од сабота ќе воведат сезонски воз на релација Скопје - Солун - Скопје. Сезонскиот воз ќе сообраќа до 30 септември .   МЖ Транспорт денеска соопшти дека со Грчките железници се договориле од 14 јули да воведат сезонски воз кој ќе сообраќа секој викенд. Возот ќе тргнува од Скопје секоја сабота во 05:05 наутро и преку Велес, Неготино и Гевгелија ќе стигнува во Солун во 10:24 часот по грчко време. Од Солун возот ќе тргнува секоја недела во 20:11 часот по грчко време и во Скопје ќе пристигнува во 23:11 часот. Цената на возниот билет на релација Скопје – Солун, односно Солун - Скопје за втора класа ќе изнесува 12,20 евра, а повратниот Скопје – Солун – Скопје и обратно 20 евра
Слично

Поврзани вести