Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО СОЛУН ЗДРАВСТВЕНИОТ СИТЕМ ВО КОЛАПС, СРБИЈА СО НОВИ РЕСТРИКЦИИ: Ковид-19 коси во регионот

ВО СОЛУН ЗДРАВСТВЕНИОТ СИТЕМ ВО КОЛАПС, СРБИЈА СО НОВИ РЕСТРИКЦИИ: Ковид-19 коси во регионот

Владата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја воведува најнепопуларната рестриктивна мерка во борба против епидемијата на корона вирусот, откако во последниве неколку дека состојбата со новозаразени и огромниот број на пациенти на кои им треба итна хоспитализација буквално експлодираше. Ограничувањето на движењето на граѓаните ќе биде од 21 до 5 часот изутрина.

Според грчките власти, посебно лоша епидемиолошка слика има во вториот по големина град во Грција, Солун. Таму, како што пишуваат грчките медиуми, здравствениот систем е пред целосен колапс, бидејќи нема никаде слободни болнички кревети, па здравствените власти размислуваат дел од неболнички установи, привремено да ги пренаменат во ковид-центри.

Соседна Србија, пак, усвои измени и дополнувања на Законот за заштита на населението од заразни болести. Се воведуваат казнени мерки и му се даваат поголеми овластувања на министерот за здравство, Златибор Лончар, кој ќе може да одлучи за задолжителна вакцинација. Со овој пакет мерки се ограничува собирањето на повеќе од пет лица и во затворени простории, но и надвор. Се воведуваат казни за непочитување на епидемиолошките мерки, и тоа за неносење маски парична казна од 40 евра за физички лица и од 400 до 2.550 евра за правни лица. Слободата на движење истотака може да биде ограничена на здрави лица кои биле во контакт со заразени лица. Оваа мерка може да се примени и за патниците во меѓународниот сообраќај што влегуваат во Србија од земји со неповолна епидемиолошка состојба.


Слично

Поврзани вести