Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Солун и Атина се пееше „Македонија е грчка“

Во Солун и Атина се пееше  „Македонија е грчка“

На парадите во Солун и Атина, сепак, се пееше „Македонија е грчка“.

Пропадна обидот на грчките власти да го забранат пеењето на песнатта „Македонија славна“ на воените паради по повод Денот на независноста во Грција.

На снимките кои се шират на социјалните мрежи се слуша како воениот оркестар на плоштадот Синтагма во Атина ја свири оваа песна – посветена на Александар Велики. На централната прослава, непознато лице се обиде да го пробие полицискиот кордон и да го нападне грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, но беше спречен од полицијата.

Во Солун граѓаните во еден глас ги пеат стиховите на песната „Македонија славна“, а слоганот „Македонија е Грчка“ повеќепати се слушнал од насобраната толпа. Таму, веднаш по маршот се одржал и протест на грчки националисти против Договорот од Преспа. Судир помеѓу група граѓани и полицијата имало на маршот во Калитеа. 

Слично

Поврзани вести