Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Солун, Атина и Халкидики карантинот започна три часа порано

Во Солун, Атина и Халкидики карантинот започна три часа порано

Полицискиот час во Солун, Атина и на Халкидики денеска започна три часа порано, односно ќе почнува од 18 часот, наместо од 21 часот, според построгите мерки за овие региони.

Рестрикциите главно се однесуваат на викендите. Продавниците ќе работат само од понеделник до петок и само со нарачка.

За викендите нема да работат фризерските и козметичките салони, берберниците, обложувалниците, како и центрите за техничка контрола на возила.

Во Грција 11 области и понатаму се во црвената зона, а во пет општини се воведуваат дополнителни рестрикции.

Инаку новите мерки за Солун, Атина и Халкидики, доаѓаат по зголемениот број новозаразени во изминатата седмица, како и по новите потврдени случаи на британската мутација на Ковид-19


Слично

Поврзани вести