Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Софија започна да се гради споменик на Цар Самуил

Во Софија започна да се гради споменик на Цар Самуил
Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, привремениот премиер Георги Близнашки и повеќе бугарски функционери присуствуваа на свеченоста во Софија за поставување на камен-темелник на местото каде што ќе биде подигнат споменик на Цар Самуил во чест на 1000-годишнината од неговата смрт. Споменикот на Цар Самуил ќе биде подигнат до црквата Света Софија. Според Близнашки „споменикот на Самуил ќе биде подигнат во неговиот роден град и близу до црквата Света Софија, каде ја примил христијанската причест“. „Цар Самуил е голема и трагична фигура. Ние се поклонуваме пред него и ветуваме споменикот да биде подигнат во најскоро време, уште оваа година“, вели Близнашки. Заменик-градоначалникот на Софија надлежен на прашањата за културата Тодор Чобанов вели дека „Самуил го дигнал факелот на бугарската државност“ и затоа заслужува ваков паметник. Официјална Софија реагираше на поставување на споменик на Цар Самуил во Скопје како дел од проектот Скопје 2014-та, затоа што според бугарските историчари тој и припаѓа на бугарската национална историја.
Слично

Поврзани вести