Во собраниска процедура влегува импичментот на Иванов
Постапка за утврдување одговорност е отворена за претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов за аболицијата.
Барањето на СДСМ е поднесено на 13 април, по помилувањето на 56 лица, овие денови е поделено на сите пратеници. Досега се потпишале повеќе од 50 пратеници и тоа е доволно за да влезе во собраниска процедура.
Се потпишаа пратениците на СДСМ и на ДУИ. За оваа иницијатива да се спроведе во Собранието ќе биде потребно двотретинско мнозинство или 82 гласа. Претседателот на Собранието е должен за оваа иницијатива да формира комисија, која за 7 дена од формирањето мора да даде извештај. Парламентот ќе мора да заседава за 7 дена од поднесувањето на извештајот. Пратениците ќе расправаат за оваа иницијатива, а на седницата претседателот на државата може да одговори и писмено или лично да се обрати пред пратениците.
