Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Собранието петти ден ќе се расправа за импичментот на Иванов

Во Собранието петти ден ќе се расправа за импичментот на Иванов

Пратениците во Собранието денеска ја продолжуваат расправата по предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, поради аболицијата од 12 април.

Веќе петти ден се расправа за иницијативата за импичмент на Иванов, поднесена од пратениците на СДСМ и ДУИ.

Пратениците од опозицијата сметаат дека со аболицијата, Иванов извршил општ акт на амнестија, прекршувајќи го Уставот.

Од ВМРО-ДПМНЕ неколку пати повторија дека Иванов не треба да си поднесе оставка и дека работел за доброто на државата.

Од ДУИ велат дека аболицијата била непромислена одлука на претседателот, која ја продлабочила политичката криза.

Расправата за одговорноста на Иванов почна на 13 јуни. Претходно собраниска комисија ја оценуваше основаноста на предлогот поднесен од пратениците на СДСМ и на коалицијата, а поддржан од пратениците на ДУИ.

Слично

Поврзани вести