Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Собранието не помина предлогот за импичмент на Иванов

Во Собранието не помина предлогот за импичмент на Иванов

Со 35 гласа „за“  и 47 „против“ пратениците попладнево не го усвоија предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов за аболицијата на 56 политичари и нивни соработници.

За да помине предлогот потребно е да гласаат две третини од пратениците.

Импичмент за Иванов бараа пратениците од опозицијата. Тие сметаат дека претседателот со аболицијата ја злоупотребил положбата, го прекршил Уставот и повеќе законски одредби.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека одлуката на Иванов  била во согласност со Уставот и законот.

За импичмент на шефот на државата пратениците расправаа пет дена.

Одлуката за помилување Иванов ја донесе на 12 април, по што поттикна бурни рекации во јавноста. Потоа Иванов делумно, а на 6 јуни и целосно ја повлече аболицијата, ден пред доаѓањето на германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл.

Слично

Поврзани вести