Во Собранието ќе се гласаат новите министри на ДУИ
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 100-та седница, при што ќе се гласа предлогот за избор на членови на Владата и именување заменици министри.
Во петокот министрите и замениците министри на ДУИ се повлекоа од Владата, а вчера нивните оставки беа констатирани во Собранието. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во неделата ги соопшти имињата на новите кадри. Се работи за млади луѓе, претежно професори на ДУТ, кои не се многу познати за пошироката јавност. Ги има од Тетово, Гостивар, Куманово, Сарај.
Слично
