Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Собрание власта сама ќе прашува, сама ќе одговара

Во Собрание власта сама ќе прашува, сама ќе одговара

Во Собранието денеска на дневен ред е седница за поставување на пратенички прашања.

На седницата нема да учествуваат пратениците од опозицијата.

Пред неколку денови тие решија да ја „замрзнат“ работата во Собранието сè додека Уставен суд не се произнесе за уставноста на иницијативата на Законот за специјално јавно обвинителство.

На седницата одговори ќе дава премиерот за спроведување на предвремени парламентарни избори, Емил Димитриев. Тој прв пат ќе одговара на пратенички прашања, откако е на функцијата.

Пред да ја напушти функцијата премиер, Никола Груевски одговараше на прашања на пратениците на 29 јануари на седница во Собранието.

Слично

Поврзани вести