ВО СМРТ НАМЕСТО ВО ПОДОБАР ЖИВОТ: Илегални имигранти се удавија во Босфорот!
Дваесетина безживотни тела на илегални имигранти пронајде турската крајбрежна стража во Босфорот, откако се преврте нивниот брод, за кој се верува дека носел 40 имигранти.
Меѓу загинатите има и едно бебе. Потрагата по останатите патници на бродот се уште е во тек.
Временските услови во Босфорскиот теснец и натаму се лоши и ја отежнуваат потрагата. „Ветрот многу ја отежнува нашата задача. Станува збор за многу мал брод, но во него имало околу 40 лица. Видовме дека тела на деца лебдат на површината од морето“, изјавил претставник на тимот спасувачи.
Многу илегални имигранти од Африка и Блискиот Исток често преку Турција се обидуваат да стигнат во земјите од Европската унија. Ваквите патувања најчесто се опасни, во лоши пренатрупани бродови.
Слично
