Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Словенија позитивни на коронавирусот се 42 отсто од тестираните

Во Словенија позитивни на коронавирусот се 42 отсто од тестираните

Засега нема подобрување на епидемиолошката состојба во Словенија, каде позитивни се 42 отсто од тестираните примероци.

Во Словенија во последните 24 часа има 2.313 нови случаи на коронавирус.  Починале 11 пациенти, а бројот на хоспитализирани се искачил на скоро 800. 

Словенија воведува нови рестриктивни мерки од утре. Се скратува  работното време на кафеаните и се забранува собирање на луѓе кои не се членови на исто домаќинство.

Возрасната граница за лицата кои мора да имаат сертификати (прележани, вакцинирани, тестирани) е намалена од претходните 15 на 12 години, а потврдите за коронавирусот ќе се сметаат за валидни само со идентификација со личен документ.

Слично

Поврзани вести