Во Словенија ќе се продаваат 15 државни фирми?
Денес се очекува парламентот на Словенија да го одобри предлогот на словенечката влада за продажба на 15 државни претпријатија, објави словенечата државна телевизија.
Владата на Словенија предложи продажба на аеродромот „Љубљана“, „Адриа ервејз“,потоа фирмата „Техника“, „Нова Кредитна банка“ од Марибор, „Телеком Словенија“,„Цинкарна Целје“, „Господарско разставишче“, „Палома“, „Терме Олимпиа“, „Униор“,„Жито“, „Елан“, „Фотон“ и „Хелиос“.
Според телевизијата, овие фирми владата планира да ги продаде што побрзо, бидејќи продажбата е дел од препораките на Европската комисија и се дел од мерките за излегување од финансиската криза и стабилизирање на државните финансии.
Опозицијата овој бран на распродажба го оценува како нетранспарентен и бара да се донесе стратегија за управување со државниот имот.
