Во Словенија дури 44,2 отсто од тестираните се заразени со коронавирусот
Словенија има лоша епидемиолошка слика и таа се влошува 8-ми ден по ред.
Во Словенија за 24 часа има 1.008 заразени со коронавирусот.
Од 2.282 тестирани денеска се откриени 1.008 заразени, а позитивни се 44,2 отсто, јави Институтот за јавно здравје.
Состојбата во болниците не е многу влошена, а со 18.386 активни, во болница се само 533 ковид-пациенти, од кои 171 на интензивнанега. Денеска има тројца починати, со што вкупниот број жртви е 5.603. Пред една седмица имаше 698 нови, а уделот беше 37,8 отсто. Повеќе од 1.000 заразени во еден ден имаше на крајот на ноември. Омикрон сојот се шири во регионот. Дел од земјите ги ревидираа анти ковид мерките.
Слично
