Во Словенија 60 возила и 180 пожарникари гасат нов пожар
Нов пожар избувна во Словенија. Од регионалниот штаб на Цивилната заштита, велат дека нов пожар избувнал околу еден час по полноќ над селото Шибељи во општина Комен, на падината на ридот Велики Овчјак висок 567 метри, пренесува СТА. Два хеликоптери од воздух се борат со огнот.
Блаж Рогељ од Здружението на пожарникари доброволци во Комен изјави дека на терен се активни повеќе од 180 пожарникари и 60 возила. Во гаснењето на пожарите во земјата досега учествувале над 10.000 пожарникари. По гаснењето на големиот пожар во Красу, Словенија, во неделата, пожарникарите сега се ангажирани во гаснењето на пожарот што се прошири на другата страна. Од Италија пожарот се префрли во Словенија. Борбата со овој пожар траеше со денови. Гори и на други локации на Балканот, во Грција, БиХ, а и Европа се бореше со големи шумски пожари.
foto Gasilci 112
