Во скопско и пелагониско најмногу слободни работни места
Во скопскиот и пелагонискиот регион имало најмногу слободни работи места во последниот квартал лани.
Според податоци објавени од Државниот завод за статистика, во скопскиот регион имало 3332 слободни работни места, а во пелагонискиот регион се евидентирани 1076 слободни работни позиции.
Другите региони се зад нив со помалку работни места за кои се бараат работници. Во вардарскиот регион имало 538, во источниот 630, во југозападниот 382, во југоисточниот 448, во полошкиот 337 и во североисточниот само 177.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот рударство и вадење на камен, а најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Голем број на слободни места има во петтата група на занимања - работници во услужни дејности и продажба.
Фирмите кои имаат од 3 до 9 вработени, имаат највисока стапка на слободни работни места.
Слично
